2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузните бандажи во светот!

Најлуксузните бандажи во светот!

bandaz

Кога станува збор за луксуз во автомобилскиот свет, едно добро познато име е „Asanti“. Нивни клиенти се хип хоп ѕвезди и продуценти. Кога ќе слушнете за елитни бандажи, најверојатно станува збор за таквите на „Asanti“.

Компанијата нуди луксузни бандажи скоро 20 години. Повеќето од нив се со цена од 6.000 долари или 24.000 долари за целиот автомобил. Најскапиот модел кој досега тие го имаат направено е со цена од  1 милион долари за комплет или 250.000 долари за еден бандаж.

Asanti_Diamonds_car

Тие се опсипани со скапоцени камења и одат со подарок – „Bentley Continental GT“. Се грижите да го оставите вашиот автомобил паркиран со така скап накит на него? За првата година компанијата ви дава бесплатен телохранител, кој е на располагање 24 часа на ден и го чува автомобилот или подобро кажано бандажите.

Таков комплет има раперот „Маster Р“. Тој на својата сметка има повеќе од 350 милиони долари, па да не му е проблем да одвои 1 милион за лукузните бандажи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП