2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузните апартмани во патнички бродови

Најлуксузните апартмани во патнички бродови

Одморите на патничките бродови во денешно време се меѓу најпопуларните. Нивните цени варираат – од многу скапи до целосно толерантни. Тука ќе ви ги покажеме 10-те најскапи кабини на патничките бродови во светот:

10. „Divina“, „Splendida“ и „Fantasia“.

c10(5)

Три брода го делат 10-тото место. Најдобрите апартмани им се т.н. „кралски апартмани“. Секој има сопствена дневна соба и тераса. Тие се со површина од 20 квадратни метри, а терасите се 16 квадратни метри. Меѓу додатоците се целосно наполнет бар за кој не се доплаќа дополнително, скара, приватно сепаре на базенот на бродот. Цената се движи од 535 до 630 долари по лице за една ноќ *.

* Треба да се има предвид дека патувања од една ноќ нема, па крајната сметка се зголемува значително.

9. „Allure of the Seas“ и „Oasis of the Seas“.

c9(8)

Двата брода се сопственост на „Royal Caribbean International“. За 795 долари на вечер може да патувате во апартманот „Royal Loft Suite“. Кабина е со површина од 148 квадратни метри, а терасата од 81 квадратни метри. Во една кабина можат да се сместат до 6 луѓе. Таа има две нивоа, а на второто се наоѓа главната спална соба. Во неа има туш, када и два мијалници. На првото ниво има уште една бања само со туш.

8. „Seven Seas Voyager“.

c8(9)

Бродот е сопственост на „Regent Seven Seas Cruises“. Во него има четири најлуксузни апартмани „Grand Suite“. Тие имаат плакари, луксузни мебел, две бањи, солариум. Подрачјето на една кабина е 70 квадратни метри, а на терасата 11 квадратни метри. Цената е 916 долари на вечер.

7. „Eclipse“, „Reflection“, „Solstice“, „Silhouette“ и „Equinox“.

c7(9)

И петте бродот се на „Celebrity“. На седмо место се нивните луксузните апартмани. Секој од нив има тераса од 37 квадратни метри со џакузи. Површината на самите апартмани е 120 квадратни метри. Во дневната соба има луксузни мебел, 52-инчен LCD-екран и пијано. Цената на таков пентхаус е 1.060 долари на вечер.

6 „SeaDream I“ и „SeaDream II“.

c6(8)

Двата брода се на „SeaDream Yacht Club“. Најскапите апартмани се со површина од 41 квадратни метри. Во нив има када со поглед на океанот и трпезарија за 4 лица. Цената е 1.120 долари на вечер.

5. „Sea Cloud“.

c5(9)

Тие имаат два најскапи апартмани,-едниот се вика „Sir Edward’s“, а другиот „Lady Marjorie’s“. Цена на вечер е 1.290 долари.

4. „Silver Spirit“.

c4(9)

Бродот е сопственост на „Silversea Cruises“. Главната кабина е со површина од 120 квадратни метри. Терасата е со површина 17 квадратни метри. Во главната спална се е од мермер. Има џакузи. Цената е 1.300 долари на вечер.

3. „Marina“ и „Riviera“.

c3(10)

Ова се бродови на „Oceania Cruises“. Најскапите се апартмани се „Owner’s Suites“. Една вечер во нив чини 1.395 долари. Тие се опремени со мебел на „Ralph Lauren“, имаат две џакузи, едно во бањата и едно на терасата.

2. „Eurodam“, „Niew Amsterdam“, „Westerdam“, „Zuiderdam“, „Oosterdam“ и „Noordam“.

eurodam

Сите тие се сопственост на „Holland America“. Цената е 2.900 долари на вечер во најскапите апартмани. Тие се со површина од 120 квадратни метри.

1. „Queen Mary 2“.

queen(1)

Најскапиот апартман на брод во денешно време ќе го најдете на бродот „Queen Mary 2“ кој е во сопственост на „Cunard Lines“. Тука има два ултралуксузни апартмани – „Sandringham Duplex“ и „Balmoral Duplex“. И двата се на два ката, со спална соба на вториот. Имаат две кади и џакузи. Просечната цена за една вечер во овие два апартмани е 4.170 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП