20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАУште една голема марка се откажува од телефонот?

Уште една голема марка се откажува од телефонот?

Сепак, во последните неколку години, „LG“ помалку го губи чекорот во трката со големите играчи на пазарот на паметни телефони. И покрај тоа, сите беа малку изненадени од веста дека телефоните на „LG“ наскоро можат да заминат во историјата.

Според „The Korea Herald“, вработените во „LG Electronics“ биле информирани дека „се подготвуваат големи промени во плановите за производство на телефони“.

Сè уште не е познато што точно значи тоа, иако веројатно е дека одделот на „LG“ задолжен за производство на паметни телефони или ќе биде продаден или целосно затворен.

„LG“ загуби 4,5 милијарди долари во последните пет години само на пазарот на паметни телефони, па затоа оваа одлука можеби не е толку изненадувачка како што може да изгледа на прв поглед.

Сепак, Квон Бонг-Соок, извршениот директор на компанијата, им порача на сите вработени дека нема да бидат отпуштени, па затоа не мора да се плашат од какви било промени за нивната работа.

Ова е поткрепено со фактот дека „LG“ неодамна се префрли на некои други видови технологија, примарно фокусирани на паметни домашни уреди, што тие ги покажаа на овогодинешниот „CES“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП