Откако „Huawei“ ја продаде својата поделба „Honor“, брендот сега може самостојно да развива и да соработува со американски компании, а тука спаѓа и „Google“.
Според информациите, „Honor“ во моментов работи на нова телефонска линија во која ќе биде имплементирана „Google Services“. Инсајдерот открива дека одвојувањето од „Huawei“ значи дека „AppGallery“ ќе биде достапен за сегашните телефони на „Honor“, додека новите уреди нема да имаат лесен пристап до екосистемот „HMS“.

