23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите можат да го спасат светот од сиромаштија

Најбогатите можат да го спасат светот од сиромаштија

children-poverty-300x216

Кога сто најбогати луѓе во светот би го дале својот профит на најсиромашните, како што веќе објави и еден од најбогатите луѓе на светот дека ќе го стори тоа, би дошол крајот на сиромаштијата.

Сто најбогати луѓе во светот минатата година направиле профит од 240 милијарди долари што е доволно да се стави крај на екстремната сиромаштија во светот и тоа дури четири пати.

Најбогатите луѓе на светот, кои сочинуваат еден процент од светското население, ги зголемиле своите приходи за 60 проценти во последните 20 години, а финансиската криза уште повеќе го забрзува тој процес.

Профитот на луѓето кои го сочинуваат најбогатиот слој е дополнително зголемен, стои во извештајот на Оксфам, конфедерација од 17 меѓународни организации кои соработуваат во пронаоѓањето на долгорочни решенија за сиромаштија и неправда.

Во извештајот се наведува и дека пазарот за луксузни производи, од почетокот на кризата, секоја година бележи двоцифрено зголемување на трговијата.

Додека најбогатите направиле профит од 240 милијарди долари, луѓето во некои од најсиромашните области живеат со помалку од 1,25 долари дневно.

Како што вели извршниот директор на Оксфам, Џереми Хобс, политичката сцена  во светот ја контролираат екстремно богати луѓе.

Дури и во демократските општества, политиката се повеќе се прилагодува на малцинството богати луѓе, а не на сиромашното мнозинство.

Време е светските лидери да спроведат реформен систем кој би функционирал во интерес на сите луѓе, а не само на глобалната елита, стои на крајот од извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП