
Јапонската компанија Хонма нуди торба со најсофистицираната колекција на стапови за голф по цена од 75.000 долари.


Јапонската компанија Хонма нуди торба со најсофистицираната колекција на стапови за голф по цена од 75.000 долари.
Стаповите се создадени специјално за да може топката да биде испратена што е можно подалеку. Над 100 вешти мајстори работеле по секој еден од уникатните стапови, а некои од нив биле вработени главно поради своите вештини за полирање.

Тие се украсени со исклучителни материјали како платина и 24-каратно злато. Компанијата со гордост истакнува дека меѓу клиентите кои ги користат нивните стапови се познатите личности како Дени Де Вито, Доналд Трамп, Џек Николсон и Марк Ентони.
Стапчиња се прават по мерка откако специјално ќе се нарачаат и корисниците може да ја очекуваат пратката за околу осум недели.