23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКонтакт со ПРИРОДАТА, сон под ЅВЕЗДИТЕ: Овие трендови ќе ја одбележат 2021...

Контакт со ПРИРОДАТА, сон под ЅВЕЗДИТЕ: Овие трендови ќе ја одбележат 2021 година

На крајот на секоја година, се објавуваат различни истражувања кои предвидуваат трендови што ќе ја одбележат годината пред нас. Експертите од Pinterest предвидуваат што најмногу ќе ги привлекува луѓето во 2021 година.

Една од нив е Pinterest, социјална мрежа што ја користат повеќе од 400 милиони луѓе во потрага по идеи и инспирација на сите полиња – од мода и убавина до украсување на домови и патувања.

Врз основа на податоците за пребарување на корисниците во изминатите 12 месеци, експертите од Pinterest предвидуваат што ќе не привлече најмногу оваа година, односно кои трендови ќе ја одбележат 2021 година.

Корисниците на Pinterest сè повеќе бараат „номадско патување“ што ги замени луксузните дестинации. Во 2021 година, ќе одиме на кратки викенд патувања, ќе ги посетуваме националните паркови, а куќите и колибите во шумите чија популарност „експлодира“ во последните месеци, ќе бидат совршени за бегство од градот.

Спиењето под ѕвездите, кампувањето и повторното стапување во контакт со природата е она што денес ги интересира повеќето патници, барем судејќи според пребарувањата на Pinterest. Покрај горенаведеното, бидејќи повеќето од нив повеќе не се врзани за канцеларии, теле-работата ќе биде одлична можност за многумина да го комбинираат удобното со корисното.

Наместо да ни служи како средство за бегство, автомобилот ќе биде нашето место за бегство оваа година. Ќе се дружиме во него, а исто така ќе послужи и како место за состаноци и гледање филмови.

Имено, корисниците на Pinterest во изминатата година бараа поими како што се „автомобил за ноќно дружење“, „drive-in кино“, но и „car man cave“. На кратко, од романтични средби до места што ќе ни послужат да се опуштиме некое време, автомобилот ќе стане важен дел од начинот на кој живееме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП