„Honor“ додаде два уреди во своето портфолио на производи кои се достапни за глобалните пазари. Станува збор за лаптопот „Honor MagicBook Pro“ со „Intel“ процесор и паметната нараквица „Honor Band 6“.
„MagicBook Pro“ беше претставен во Кина пред неколку месеци, а објавен со процесорот „AMD Ryzen 4600H“. Сега „Honor“ нуди и верзија со „Intel Core i5-10210U“ процесор и „GeForce MX350 GPU“. Покрај тоа, тука е и 16.1 инчниот екран, 16GB RAM и 512GB простор за складирање. Капацитетот на батеријата е 56Wh, a достапен е и брз полнач од 65W.
Цената на „MagicBook Pro“ лаптопот изнесува околу 1.000 долари, но таа ќе зависи од пазарите на кои ќе се нуди и таксите и царините кои таму се применуваат.

Кога станува збор за „Honor Band 6“, паметната нараквица, таа е претставена во ноември, а сега ќе се појави и на другите пазари. Уредот има 1.47-инчен AMOLED екран со 2.5D заоблено стакло.
Преносниот уред има пет функции за следење на здравјето (SpO2, следење на работата на срцето, сонот, стресот и Female Cycle Tracker), како и десет режими за вежбање. „Honor Band 6“ пристигнува без „NFC“ поддрша и по цена од околу 35 долари.