1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРубикова коцка вредна 2.5 милиони долари

Рубикова коцка вредна 2.5 милиони долари

rub

Најпопуларната Рубикова коцка е измислена од унгарскиот професор по архитектура Ерно Рубик во 1974-та година. Во 1980-та година тој ја дава лиценцата на „Ideal Toy“ кои започнуваат со масовно производство.

Во 80-тите години таа предизвика вистински „бум“ и до денес е една од најпродаваните играчки на сите времиња. Денес има механички и електронски варијации на коцката.

Но Фред Куелар, извршен директор на „Diamond Cutters International“, ја создал Рубиковата коцка која е вистинско ремек дело. За изработката му биле потребни 8.500 часа работа. Таа е изработена од 18-каратно злато, а на секој панел има 25 скапоцени камења. Во неа има аметист, смарагди, сафири и рубини. Некои од боите се малку изменети во оваа варијанта на коцката. Покрај прекрасниот изглед привлечна е и цената која изнесува 2.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП