16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ7 намирници за „челично“ срце

7 намирници за „челично“ срце

Грејпфрут

Грејпфрутот е богат со антиоксиданси и растворливи влакна, кои помагаат во заштитата од срцеви заболувања. Затоа, јадете половина грејпфрут 3-4 пати неделно.

Плодови со јатка и семки

Бадемите, лененото семе, ф’стаците, сусамот и сончогледот го редуцираат лошиот (ЛДЛ) холестерол. Оревите ги намалуваат триглицеридите.

Поради тоа, консумирајте по половина шака дневно од овие плодови и семки за ужина.

Масна риба

Омега-3 масните киселини присутни во масната риба ги намалуваат триглицеридите и лошиот холестерол. Јадете риба два пати неделно. Најдобро е да консумирате лосос, туна, сардини или харинга.

Јаболка

Истражувањата покажуваат дека јадењето јаболка или пиењето на јаболков сок го намалува лошиот холестерол во телото. Јаболката се идеалната ужина.

Не лупете ја лушпата на јаболкото. Во неа има многу антиоксиданси и растителни влакна, кои му се потребни на телото.

Овесни трици

Растителните влакна кои ги има во овесните трици се врзуваат со киселините во тенките црева и го спречуваат повторното апсорбирање на холестеролот.

За појадок измешајте половина чаша овесни трици со 1 чаша немасно млеко.

Бело вино

Фитохемикалиите, кои ги има во белото вино, го покачуваат нивото на добар холестерол во организмот, а антиоксидансите ги заштитуваат коронарните артерии од оштетувањата, предизвикани од слободните радикали.

Пијте една до два чаши вино дневно, но не повеќе. Грозјето е добар извор и на полифеноли.

Мешунки

Мешунките го смалуваат лошиот холестерол (ЛДЛ) и го намалуваат ризикот од срцеви и артериски болести.

Сојата е позната уште и како чистач на артериите. Вклучете ги мешунките во вашето секојдневно мени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП