19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛадни раце и стапала? Кој здравствен проблем може да се крие тука?

Ладни раце и стапала? Кој здравствен проблем може да се крие тука?

Ладните прсти на рацете и нозете најчесто се јавуваат кај жените, и ова е сосема нормална појава до која доаѓа при процесот на организмот во кој тој ја одржува температурата на виталните органи. Но, доколку ова премногу често ви се случува, тоа би можело да биде симптом и за некои други здравствени проблеми…

Анемија

Ако покрај ладните раце и нозе чувствувате и некои други симптоми, како што е заморот, главоболката и омалаксаноста, не е лошо да го проверите железото во крвта.

Дијабетес

Студенилото и вкочанетоста на рацете и стапалата односно трнењето можат да бидат знак за дијабетес. Шеќерната болест остава тешки последици на крвотокот, како и на нервниот систем па чество се манифестира со вакви појави. Покрај ова, доколку се појавува и жед, зголемен апетит без големи промени во тежината, задолжително проверете го нивото на шеќер во крвта.

Заболување на тироидната жлезда

Хипотироидизам или забавена работа на тироидната жлезда доведува до забавување на метаболизмот, а чест придружник се ладните раце и стапала или чувството на студенило. Замор, летаргија, поспаност, забавеност на говорот и движењата како и неподнесувањето на високи температури се јасни симптоми за ова заболување.

Стрес

Стресот исто така може да биде предизвикувач на студенило во рацете и нозете. Тој го зголемува адреналинот, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, а тој ги затегнува крвните садови. Со самото тоа и циркулацијата е забавена, а рацете и нозете се ладни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП