Оваа бајковита локација навистина постои, а се наоѓа на словачките планини….
Сместен високо, во средината на Татра планинскиот венец, во близина на прекрасно езеро, Grand Hotel Kempinski е прекрасно одморалиште, совршено за сите гости кои сакаат да се опуштат и да уживаат во свежиот планински воздух, на најубавиот можен начин.
Престојот во овој луксузен хотел вклучува домашни оброци и камин во речиси секоја соба, што може да биде сосема доволна причина за посета на ова место. Сепак, Kempinski Hotel ви нуди многу повеќе од тоа, со своите беспрекорни услуги, магичниот декор и собите, кои ќе наведат да си заборавите сите свои грижи.
Хотелот се наоѓа во живописното село Стрбске Плесо, кое со својот шарм ќе ве наведе секој ден со пешачење да го истражувате.
Хотелот има деведесет и осум соби и апартмани во понудата, со грејни мермерни подови, модерени луксузни и топли бадемантили и обувки. Ако сакате да имате свој приватен камин во кој ќе уживате со своето сакано лице, тогаш морате да букирате апартман, а верувајте за него се исплати секој потрошен денар.
Grand Hotel Kempinski High Tatras исто така ќе ве воодушеви со својот врвен ресторан, кој сервира интернационална кујна и локални специјалитети, додека лобито ви нуди прилика да уживате во домашните колачиња покрај огнот. Тука е и богато опремениот вински подрум, како и уште еден бар, а она што засекогаш ќе го запаметите ќе биде базенот, над кој светат неверојатни лустери.












