19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко го чуствувате ова, значи дека сте прележале корона или дека имате...

Ако го чуствувате ова, значи дека сте прележале корона или дека имате “долг ковид”, а тоа и да не го знаете

Многумина се прашуваат дали ја прележале короната. Луѓето околу нив се разболуваат, и нив не им е ништо, биле малку болни пред два месеци, грлото ги гребело.

Да, постои тест за антитела, што е најсигурниот показател дали коронавирусот само поминал низ вашето тело, но научниците сега утврдија уште еден чуден сигнал кој може да покаже дека сте се избориле против овој вирус.

И врзан е за сетилото за мирис.

И не, не е загуба, бидејќи тоа е симптом на ковид, па значи дека го имате, но се појавува откако ќе се прележи коронавирусот. Многу пациенти се жалеле дека чувствувале чудни мириси со месеци по закрепнувањето.

Мирисот на сладок или остар мирис на сулфур, запалено шкорче или риба може да биде еден од сигналите дека сте прележале коронавирус, пишува Sky News.

Овој симптом се нарекува паросмија, дисфункција за детекција на мирис што може да влијае на способноста на лицето да ја процесира перцепцијата на аромата, така што одредени работи мирисаат поинаку, а се јавува далеку поизразено кај младите луѓе и здравствените работници.

Оториноларингологот Нирмал Кумар го нарече симптомот „многу чуден и многу уникатен“.

Проф. Кумар, кој е и претседател на Британското здружение на оториноларинголози, беше меѓу првите лекари кои во март идентификуваа аносмија – губење на мирисот – како индикатор за инфекција со коронавирус.

Тој ги повика надлежните институции во Англија да го додадат губењето на сетилото за мирис на списокот на симптоми неколку месеци пред тоа да стане практика низ целиот свет.

Тоа сега укажува дека меѓу илјадниците пациенти кои се лекуваат за долгорочно губење на чувството за мирис во Велика Британија, некои имаат паросмија.

“Еден рече дека чувствува мирис на риба наместо кој било друг мирис, а друг рече дека нешто како да гори дури и кога во близина нема чад. Двајцата се здравствени работници. Сметаме дека фреквенцијата е зголемена кај младите, а исто така и кај здравствените работници поради изложеност на вирусот во болниците”, истакна Кумар.

Според него, ова е крајно вознемирувачко за некои луѓе.

Опишувајќи го коронавирусот како „невротропен вирус“ (го напаѓа нервното ткиво), професорот Кумар истакна дека вирусот влијае на нервите на врвот на носот, што е шок за нервниот систем, а нервите не функционираат.

Долг ковид е термин кој го опишува присуството на симптоми на коронавирус кој може да продолжи со недели или месеци по појавата на болеста.

Исто така, постојат препораки за сите погодени од паросмија да поминат „мирисна обука“, која вклучува душкање роза, лимон, каранфилче и масло од еукалиптус секој ден околу 20 секунди со цел да се работи на постепено враќање на мирисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП