24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрославија 26-ти роденден: Интересни факти за серијата „Пријатели“ што ги знаат само...

Прославија 26-ти роденден: Интересни факти за серијата „Пријатели“ што ги знаат само најголемите обожаватели

Американската серија “Пријатели” е една од најпопуларните хумористични серии на сите времиња која ги одбележа 90-тите години на минатиот век. Првата епизода се емитуваше на 22 септември 1994 година и иако последната епизода беше емитувана на 22 мај 2004 година, „Пријатели“ сепак е феномен кој не може да се објасни со неколку реченици.

Заплетот на серијата „Пријатели“ се наоѓа во Менхетен, Њујорк и ги прикажува животите на шест пријатели, на возраст од 20 до 30 години, кои живеат во два апартмани на истиот кат од зградата. Актерската екипа, која се состоеше од врвните актери: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери, станаа планетарно познати и популарни во сите земји во светот.

Кога станува збор за серијата Пријатели, занимливостите поврзани со ликовите и настаните за време на снимањето, никогаш не престануваат да ги изненадуваат и воодушевуваат своите верни обожаватели. Затоа во следниот текст ви подготвивме неколку интересни факти за серијата Пријатели кои сигурно не сте ги знаеле до сега.

1. Улогата на Рејчел најпрво и беше понудена на Кортни Кокс – Моника

Пред серијата „Пријатели“ да започне да се снима, актерката Кортни Кокс не беше целосно анонимна. Пред серијата, таа се појавувала во разни ТВ-програми и филмови, како и во спотот на Брус Спрингстин за песната „Dancing in the Dark“.

Продуцентите на серијата првично ја посакуваа за улогата на Рејчел, но Кортни не беше воодушевена од нејзиниот лик. Наместо тоа, таа изрази голем интерес за улогата на Моника, која и се чинеше поинтересна и приемчива заради нејзиниот цврст карактер.

На крајот, продуцентите се согласија и култната улога на Моника и припаѓаше на оваа храбра актерка без која серијата Пријатели каква што денес ја знаеме, не би била иста, а Рејчел и припадна на нејзината колешка Џенифер Анистон.

2. Оригиналното име на серијата било сосема поинакво

Серијата Пријатели имала сосема поинакво име пред да започне снимањето. За време на раните 90-ти, креаторите на серијата Дејвид Крејн и Марта Кауфман напишаа 7 страници за нивната нова серија „Insomia Cafe“. Во оригиналната верзија на оваа серија, наместо романсата меѓу Рејчел и Рос, главната љубовна двојка требаше да бидат Џои и Моника.

Кога “NBC” го откупил, насловот “Insomnia Cafe” станал, “Friends Like Us”. Претседателот на „NBC“ сметал дека „Across the Hall“ би било идеално решение, и по уште едно несудено име „Six of One“, серијата конечно го добила името „Пријатели“.

3. Џенифер Анистон не била првиот избор за улогата на Рејчел

Благодарение на „Пријатели“, Џенифер Анистон се здоби со огромна популарност и епитет на „секс симбол“ во 90-тите години на минатиот век, поради што беше рангирана меѓу најпознатите и најубави актерки во Холивуд.

Сепак, Џенифер Анистон воопшто не била во планот за улогата на Рејчел во серијата. Првиот избор на продуцентите била актерката Теа Леони. Сепак, таа ја одбила улогата заради серијата „The Naked Truth“, која траела само три сезони.

4. Бременоста на Фиби во серијата беше вистинска

Кога актерката Лиза Кудроу, која ја играше Фиби во серијата, остана бремена во приватниот живот во 1997 година, Серијата Пријатели добила целосно непланиран пресврт. Сценаристите морале да се прилагодат на нејзината ситуација и да осмислат на кој начин тоа ќе се прикаже во серијата.

Бидејќи нејзината улога во серијата отсекогаш била директна и глупава, се појавила одлична идеја, а тоа е дека Фиби ја прифатила улогата на сурогат мајка во серијата наместо сопругата на нејзиниот брат. Така, вистинската бременост на Лиза беше покриена.

5. Сите актери секогаш преговарале заедно

Иако порано тоа не било случај на телевизија, сите шест актери во серијата секогаш преговарале со продуцентите заедно во група. Во првата сезона, секој член на актерската екипа заработувал околу 22.000 долари.

Со цел серијата „Пријатели“ да продолжи со снимање, во 1997 година, секој од нив барал по 100.000 долари по епизода. Ова преговарање било успешно, а серијата беше толку популарна што во последната сезона сите заработувале ни повеќе ни помалку, туку милион долари по епизода, што беше апсолутен рекорд во тоа време.

6. Брус Вилис се појавил во серијата поради изгубен облог

Кога актерите Метју Пери, кој го игра Чендлер и Брус Вилис, заедно го снимале филмот „The Whole Nine Yards“, Метју се обложил со Брус дека нивниот филм ќе биде на првото место на боксофисот во првиот викенд, за што Брус Вилис го оспори тоа.

Бидејќи овој филм навистина ги исполни очекувањата на Метју, во февруари 2000 година, поради изгубениот облог, Брус Вилис се појави во серијата „Пријатели“ во улогата на татко на една од девојките на Рос. Како крајна цел на облогот, Брус мораше да ја донира својата заработка од таа улога во добротворни цели.

7. Улогата на Рос била напишана за Дејвид Швимер

Иако повеќето улоги во Пријатели биле наменети за други актери, се чини дека улогата на Рос беше едноставно наменета за актерот Дејвид Швимер. Тој е единствениот прв избор на продуцентите кој навистина ја играше улогата наменета за него.

Сценаристите специјално го создадоа Рос замислувајќи го Дејвид како ги изговара неговите реплики. Освен што оваа улога беше специјално напишана за него, тој беше и првиот избран актер од сите други во тимот.

8, Во една шпица, сите актери го имале истото презиме

Во епизодата „The One After Vegas“, која беше прикажана како дел од шестата сезона во 1999 година, љубителите на серијата забележале дека во таа шпица сите актери го имаат истото презиме – „Аркет“.

Причината за ова наскоро беше откриена. Станува збор за интерна шега, која на овој начин допрела до јавноста, а вистинската причина е што актерката Кортни Кокс, која ја игра улогата на Моника, се омажила за својот колега, актерот Дејвид Аркет, пред снимањето на 6-тата сезона

9. За разлика од Џои, Мет Лебланк течно зборува француски јазик

Во една епизода, Џои Трибиани, кого го игра Мет Лебланк, е неуспешно прикажан како се обидува да прочита неколку реченици на француски јазик, а целата сцена добива уште позабавна димензија благодарение на глупавата Фиби која неуспешно му помага во тоа.

Иако Џои беше крајно несмасен во изговарањето зборови на француски јазик, во неговиот приватен живот Мет Лебланк всушност течно зборува француски благодарение на неговиот татко Канаѓанец, чиј мајчин јазик е францускиот.

10. Сите добитници на Оскар кои се појавија во серијата

Најмалку осум оскаровци се појавија во серијата „Пријатели“ за време на снимањето на 10-те сезони, а тоа се: Шон Пен, Робин Вилијамс, Џорџ Клуни, Сузан Сарандон, Џулија Робертс, Чарлтон Хестон, Хелен Хант и Рис Витерспун.

Покрај овие славни добитници на Оскар, серијата „Пријатели“ доби и сосема поинаква димензија благодарение на епизодните улоги и другите актери како што се: Бред Пит, Алек Болдвин, Брус Вилис, Винона Рајдер, Изабела Роселини, Гери Олдман итн.

Пријатели онлајн – авантурите на урнебесната екипа никогаш не се досадуваат

Интересните факти за серијата Пријатели никогаш не можат да бидат досадни. Благодарение на нејзиниот голем успех, серијата Пријатели сè уште масовно се гледа на Интернет. Серијата Пријатели онлајн со превод е една од најпопуларните пребарувања и во нашиот регион.

Колку е популарна серијата Пријатели, покажува и фактот дека за серијата во 2019 година, Нетфликс плати неверојатни 100 милиони долари на „Ворнер медиа“ со цел да купи лиценца за нејзино емитување на својата платформа.

Серијата Пријатели е светска телевизиска класика на која многу фанови со задоволство се враќаат за повторно да уживаат во омилените сцени. Покрај тоа, ТВ-шоуто Пријатели секој ден ги освојува симпатиите на помладата публика и е еден од најуспешните телевизиски проекти на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП