3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТаблет на HP за 99 долари

Таблет на HP за 99 долари

tablet hp

Според неофицијални информации „HP“ во соработка со американскиот синџир на продавници „WallMart“ има во план да направи таблет со дијагонала од 7 инчи кој би требало да се најде во продавниците пред почетокот на новата школска година, а се очекува да се продава по цена од само 99 долари.

Повикувајќи се на азиските снабдувачи се очекува новиот таблет да го произведува кинеската компанија „BYD“ која веќе го произведува 7 инчниот таблет на „HP“ – „Slate 7“, чија цена во САД изнесува 139,99 долари. Покрај тоа се верува дека новиот таблет ќе биде темелен на „Slate 7“ со мал редизјан се со цел да се овозможи пониска цена за 40 долари.

Од „HP“ несакаа да ги коментираат гласините, но доколку тие се вистинити ова нема да биде првиот таблет на „HP“ кој ќе се продава по така ниска цена.

Имено „HP“ во 2011-та година го издаде својот таблет „TouchPad“ кој многу бргу по претставувањето со почетната цена од 399 долари беше намален на само 99 долари, по што многу бргу беше распродаден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП