Кога станува збор за е-пошта, претежно е-поштата во моментов не поврзува со „Gmail“. Скоро сите сега имаат адреса на „Gmail“, дури и ако не ја користат активно, и ова е секако една од најголемите бесплатни услуги за е-пошта што постојат. Се разбира, има многу други услуги за е-пошти и сега „Zoom“ може да им се придружи.
Според сајтот „The Information“, „Zoom“ наводно се подготвува да објави свои услуги за е-пошта и календар, кои ќе ја надополнат популарната платформа за видео конференции на компанијата. На некој начин, овој потег би имал смисла. „Zoom“ е-поштата и календарот би биле полесни за употреба, бидејќи корисниците би можеле да извршат автоматска синхронизација на состаноците, наместо рачно преку други платформи, како што е „Gmail“.

