24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕкспертите: Оваа намирница е клуч за долговечноста

Експертите: Оваа намирница е клуч за долговечноста

Во првата студија од овој вид, група американски научници открила дека консумирањето на лути пиперки би можело да биде заслужно за долговечноста на луѓето.

Во истражувањето учествувале повеќе од 16.000 лица кои го навеле својот начин на исхрана, а научниците во наредните шест години повремено проверувале дали дошло до отстапки во нивната диета.

Откриено е дека лицата кои редовно консумирале пиперчиња во просек би можеле да живеат и до 10,5 години подолго.

„Резултатите од нашата студија покажаа дека е намалена стапката на смртност кај лицата кои редовно јадат лути пиперчиња. Притоа не мислиме на тоа дека ги консумирале како некој што консумира на пример чипс – туку дека доволно била една лута пиперка од време на време. Стапката на смртност кај лицата кои консумирале лути пиперчиња изнесувала 21.6 проценти во периодот од 6 години, во споредба со смртноста од 33.6 проценти кај луѓето кои не консумирале лути пиперчиња“, наведуваат експертите.

Која супстанца од оваа група на намирници е заслужна за тоа?

Станува збор за капсаицин, активна компонента од пиперката која и ја дава лутината. Истражувањето покажа дека овој молекул штити од срцеви болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП