25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкцијата на „Nikola“ падна за 10% откако беше откажана голема нарачка

Акцијата на „Nikola“ падна за 10% откако беше откажана голема нарачка

Цената на акцијата на американскиот стартап „Nikola Corp.“ се намали откако компанијата ја зазгуби нарачката од „Republic Services Inc.“, втора по големина компанија за рециклирање и управување со отпад во САД, од 2.500 електрични камиони за ѓубре, пренесе „Bloomberg“.

Нарачката е прекината поради доцнење во развојот и поголеми од очекуваните трошоци, соопштуваат од „Nikola“.

По веста, акциите на компанијата паднаа за 10% до 15,07 американски долари во 17 часот по македонско време.

„Тоа беше правилна одлука за обете компании со оглед на потребните ресурси и инвестиции“, рече Марк Расел, извршен директор на „Nikola“.

Откажувањето на нарачката е сериозен удар за инвеститорите, напиша во белешката до клиентите Ден Ајвс, аналитичар во „Wedbush Securities“. „На компанијата се уште и претстои стрмно искачување за да ја врати довербата во 2021-ва година, а денешните вести се сметаат за уште еден чекор назад“, додаде Ајвс.

На веста и претходеше одлуката на американскиот автомобилски концерн „General Motors“ од минатиот месец да се дистанцира од „Nikola“, откако стартапот беше обвинет за измама. Компанијата се најде на удар на „Hindenburg Research“, кој на 10-ти септември рече дека стартапот ги измамил инвеститорите за нејзините деловни очекувања – обвинувања кои сега се под истрага на Комисијата за хартии од вредност на САД и, според извештаите на некои медиуми, од Министерството за правда. Во ноември, Тревор Милтон во изјавата објавена на „Twitter“ рече дека планира да се брани од „лажните обвинувања“.

Претходно, „Nikola“ ги потврди плановите да започне со испорака на својот прв електричен камион во Соединетите држави во 2021-ва година и две години подоцна да започне со локално производство во фабриката во Аризона која се уште е во изградба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП