27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„WhatsApp“ ќе престане да работи за милиони корисници, проверете дали сте меѓу...

„WhatsApp“ ќе престане да работи за милиони корисници, проверете дали сте меѓу нив

Неколку милиони корисници на „WhatsApp“ ќе останат без апликацијата до крајот на овој месец. Луѓето кои користат малку постари мобилни телефони би можеле да останат без популарната апликација поради оперативните системи што ги имаат нивните мобилни телефони.

„The Sun“ наведува дека „WhatsApp“ ќе престане да работи за луѓе кои користат „iPhone“, кај кои што не е ажуриран на софтвер „iOS 9“ или понов. Исто така, ќе бидат засегнати и корисниците на „Android“ кои немаат оперативен систем „4.0.3“ или понова верзија.

Ако имате „iPhone 4“ или постар модел, нема да можете да ги ажурирате на понов софтвер. Некои уреди со „Android“, како „Motorola Droid Razr“ и „Samsung Galaxy S2“, исто така, сè уште работат на застарен софтвер.

Ако имате стар телефон, можеби ќе сакате да се обидете да го надградите до најновиот можен софтвер. Корисниците на „Apple“ мора да ги отворат „Поставките“, потоа „Општо“ и „За телефонот“ за да видат која верзија на софтверот ја користат. На „Android“, треба да отидете во „Поставки“, а потоа „За телефонот“.

„WhatsApp“ ќе ги извести корисниците на кои им е потребна надградба на верзијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП