Тешките метали предизвикуваат разни здравствени проблеми како што е заболувањето на бубрезтите, слабите коски, срцевите пречки, па дури и некои од најтешките болести.
Магдоносот е познат како природен детоксикатор на организмот и со самото тоа на најлесен можен начин го ослободува телото од тешки метали.
Магдоносот исто така помага во лекувањето на воспаленијата и инфекциите. Тој е докажан борец и против ревматоиден артритис и отоци во зглобовите.
Оваа мала зелена билка изобилува со калум, калциум, манган, железо, магнезиум и витамин К.
Како да го користите магдоносот? Можете да го користите на повеќе начини, да го исецкате и да го додадете во некое јадење или во сок или да го сварите и да го пиете како чај, како и да е, тој ќе направи многу добро за вашето тело и ќе ве ослободи од тешките метали.

Жените кои мачат мака со целулитот им се советува да сварат чај од магдонос и да го пијат во текот на целиот ден. На овој начин се потикнува исфрлувањето на вишокот течности и целулитот ќе стане помалку видлив.
За да се ослободите од воспаленија: ½ шолја свеж магдонос, 2 јаболки, 2 средни моркови, 2 парчиња целер. Сите состојки ставете ги во блендер, убаво измешајте и пијте го овој напиток секој ден наутро на празен стомак.