23 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДесет подароци кои никогаш не треба да ги поклоните за Нова Година

Десет подароци кои никогаш не треба да ги поклоните за Нова Година

Мислите на совршен новогодишен подарок за некој близок? Треба да бидете претпазливи при изборот затоа што има подароци кои не се соодветни за давање. Во ред е да ги купите само ако ви каже лицето дека го сака токму тој подарок.

Подолу издвоивме десет такви подароци, па ако се спремате за шопинг, проверете што не би било добро да купите:

Домашни миленици

Освен ако не сте апсолутно сигурни дека некое лице сака милениче и може да се грижи за тоа, vво спротивно никогаш не купувајте животно како подарок.

Ова особено се однесува кога купувате домашни миленици за деца кои сè уште не знаат како сами да се грижат за нив. Сепак, тоа е живо суштество на кое му е потребна соодветна грижа и посветеност.

Опрема за вежбање

Колку и да сака некое лице да вежба, опремата за вежбање не е соодветен подарок. Покрај тоа, лицето на кое му донирате опрема за вежбање може да биде навредено затоа што подарокот може да се свати како знак дека треба да ослабе.

Крем против брчки или целулит

Исто како и опремата за вежбање, кремите против брчки или целулитот не треба да бидат на списокот на потенцијални подароци. Затоа што, кој сака да добие подарок што ќе му каже дека треба да се ослободи од брчките и целулитот? Ако сакате да расположите некоја личност со производ на некоја козметика, многу подобар избор би бил миризлив лосион или купка.

Вага

Подарок за кој веројатно никој нема да биде задоволен е – вага. Ако жената сака да има вага дома, таа сама ќе си ја купи. Дарување вага едноставно не е пристојно.

Нож

Давањето нож носи несреќа и ќе се карате со лицето кое ви го дало ножот, вели суеверието. Без оглед дали е суеверен или не, не подарувајте ножеви затоа што, според бон-тон, острите предмети не се соодветен подарок.

Кактус

Кактусите и другите шилести растенија не се добри подароци и избегнувајте да давате рози со трње бидејќи тие означуваат “боцкање” на односите.

Средства за чистење

Како одминуваат годините, се повеќе се радуваме на нови сунѓери за миење садови, детергенти и други средства за чистење, но не сме сигурни колку вашите пријатели и семејства ќе бидат воодушевени кога ќе го одвиткаат подарокот и ќе видат прашок за чистење и крпа за прашина. Ова би можеле да го сфатат како порака дека треба повеќе да чистат.

Облека за обликување на тело

И во овој случај, тоа е подарок кој ќе испрати порака слична на ако купите вага или крем против брчки или целулит. Сигурно не сакате да и кажете на некоја личност за Нова Годиа дека има некои несовршености кои треба да ги прикрие.

Екстравагантни подароци

Ако планирате да купите лудо скап подарок, добро размислете за тој дарежлив гест. Постои голема шанса дека лицето кое ќе го добие овој подарок сака само да учествува во изборот, на пример, на дестинација за одмор или скап уред.

Екстравагантните подароци е особено добро да се избегнат ако имате нов партнер. Имено, патување или скап часовник може да биде одличен избор за некој со кого сте во врска или брак подолго време, но во кратка врска тие можат да создадат непотребен притисок и на почетокот на врска која допрва треба да се развие тие едноставно не се добар избор.

Ист подарок како и минатата година

Можеби вашата мајка била воодушевена од џемперот што и го купивте минатата година, а вашата пријателка од книгата, па најлесно би ви било да играте на сигурно и повторно да им донесете исто. Сепак, подобро е да се откажете од таа идеја затоа што вашата мајка и пријател може да мислат дека не сте ни размислиле што да им купите. Сигурно постои нешто друго што ќе им донесе насмевка на лицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП