20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПо големите проблеми во Google, работите полека се нормализираат: „Работиме на подобрување...

По големите проблеми во Google, работите полека се нормализираат: „Работиме на подобрување на системот“

Откако многу корисници ширум светот не можеа да користат услуги и сервисите на Google, ситуацијата е донекаде нормализирана.

-Проблемите би требало да се решени за поголемиот број на корисници. Ние ќе продолжиме да работиме на нормализирање на услугите. Бидете сигурни дека сигурноста на системот е главната грижа и задача на Google и ние постојано работиме на подобрување на нашиот систем, стои во официјалното известување.

Но, специфичната причина зошто се појавил проблемот сè уште не е позната.

За потсетување, околу пладне, многу корисници на Google ширум светот забележаа проблеми со сервисите. На повеќето корисници се појавило „Error 502“ и неможноста за пристап до Gmail, Hangouts, Drive, но и YouTube.

Со оглед на тоа што „Google“, односно „Alphabet“ станаа светски владетел во различни услуги во последните неколку години, фактот дека многу од нивните сервиси паднаа истовремено, не влева доверба кај корисниците кои во моментов не можат да испраќаат или примаат меилови, пораки или да пристапат до нивните документи.

Досега Google не објави никакви проблеми, но тие ставија известување на своите страници наменети за администраторите.

-Свесни сме за проблемите со нашата услуга кои влијаат на голем број корисници. Корисниците не можат да пристапат до услугата, забележувајќи дека редовно ќе известуваат за тоа како напредува решавањето проблемиte и кога може да се очекува нормализирање.

Како што се очекуваше, корисниците го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи, поради фактот дека нивните животи се речиси зависни од Google. Особено студентите кои го следат учењето на далечина низ целиот свет користејќи ја услугата Classroom на Google.

Но, проблемот е во тоа што Google се потпира на многу корисници на Google Home и Nest сервисите, што значи дека за многу системи кои треба да ја следат безбедноста на нивниот дом, тие не работат во моментот.

Иако многу корисници ширум светот сè уште не можат да пристапат до нивните сервиси, за некои корисници состојбата полека се нормализира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП