25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiOS 14: Еве зошто има портокалова точка на вашиот iPhone

iOS 14: Еве зошто има портокалова точка на вашиот iPhone

Од ажурирањето на iOS 14, дали забележавте портокалова точка на горната десна страна на вашиот iPhone? Не сте сами – ова е всушност нова карактеристика и не грижете се, истото е намерно направено.

Па што е тоа? Новата надградба на оперативниот систем iOS 14 на Apple доаѓа со огромен фокус на безбедноста и приватноста. Како дел од своето ново ажурирање на iPhone, Apple додаде индикаторско светло што ви кажува кога некоја апликација ги користи вашиот микрофон и камера и ова доаѓа во форма на портокалова или зелена точка.

Звучи страшно, но гледањето на точката на горниот дел од екранот не е причина за вознемиреност во сите случаи. Некои апликации треба да го користат вашиот микрофон (портокалова точка) или фотоапаратот (зелена точка) за да функционираат – вашиот телефон на пример, или апликација за видео конференции како што се , Zoom, WhatsApp или Signal.

Сепак, развивачите на апликации може да се обидат да пристапат до вашиот микрофон или камера, понекогаш за неопасни цели, и портокаловата точка ќе ви покаже дали тоа се случува.

Контролирање кој има пристап до вашата камера и микрофон во iOS 14

Генерално, за да се осигурате дека апликациите не пристапуваат до вашиот микрофон или фотоапарат кога не треба, можете лесно да прегледате кој побарал пристап до нив. Одете во Settings > Privacy > microphone/camera и може да им го забраните пристапот на оние на кои не им е потребен за да функционираат. Можете исто така да видите кои апликации го користеле вашиот микрофон или фотоапарат во Контролниот центар.

Значи, кога веќе ја имате – портокаловата точка е корисна алатка додадена од Apple за да ви помогне да ја одржувате безбедноста и приватноста на вашиот iPhone. „Слично како кога е вклучена веб камера, новата портокалова или зелена точка е чест и визуелен потсетник за тоа кои апликации може да ве гледаат или слушаат, што реално може да нè заштити“, вели Џејк Мур, специјалист за сајбер безбедност на ESET.

Новото индикаторско светло за портокалови точки на „Apple“ е секако ажурирање за добредојде и е една од многуте карактеристики за безбедност и приватност додадени во „iOS 14“. Со iOS 14, Apple навистина ги зголеми влоговите и штом знаете која е нивната цел, новите карактеристики на приватност се навистина лесни за употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП