29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДесетте најскапи часовници на Chopard

Десетте најскапи часовници на Chopard

„Chopard“ е луксузен производител на часовници со седиште во Швајцарија. Нивните часовници се комбинација од прецизна функција и уметност со накит. Компанијата е основана во 1860-та година од Луис Улисе Шопар, кој во тоа време имал 24 години и се фокусирал на изработка на прецизни џебни часовници и хронометри за кои имал иновативни идеи.

Во „Chopard“ сами ги произведуваат часовниците, како и нивните делови. Тие се спонзори на голем број престижни настани како филмски фестивал во Кан, „Grand Prix de Monaco“ и многу други. Видете ги  10-те најскапи модели на компанијата:

10. „Chopard Happy Sport Square XL“ од бело злато – 56.000 долари.

ch10(2)

Се продава со рамка од бело злато (18 каратно). На часовникот има 231 дијаманти. Тој е со прецизен кварц механизам. Ремчето е од црна крокодилска кожа со затворач од бело злато. Бројките се римски и се од сребро.

9. „Chopard Imperiale Automatic 40 mm“ со розово злато – 61.890 долари.

ch9(2)

Рамката е од розово злато (18 каратно). Водоотпорен до 50 метри длабочина. Бројките се изработени од сребро.

8. „Chopard L.U.C. Lunar One White Gold Watch“ – 63.600 долари.

ch8(2)

Основата е од сребро, а ремчето е од крокодилска кожа. Водоотпорен е до 30 метри длабочина. Самиот часовник е прилично голем. Од него се произведени само 230 примероци. Има вечен календар и ги покажува фазите на Месечината.

7. „Chopard Imperiale Automatic 36 mm“ – 65.740 долари.

ch7(2)

Ремчето е од крокодилска кожа со златен затворач. Водоотпорен е до 50 метри длабочина. Се продава со основа од бело злато (18 каратно) и дијаманти. Бројките се од бело злато.

6. „Chopard Imperiale Automatic 40 mm“ – 90.600 долари.

novsaat

Бело злато и дијаманти го красат овој часовник за речиси 100.000 долари. Водоотпорен е до 50 метри длабочина.

5. „Chopard Imperiale Quartz 28 mm“ – 90.600 долари

ch5(3)

Наместо ремче има гривна од бело злато и дијаманти. Бројките исто така се од бело злато. Водоотпорен е до 50 метри.

4. „Chopard Xtravaganza XL“ од розово злато – 92.740 долари.

xtravaganza1-1365491345

Има основа од розово и бело злато со изобилство на дијаманти. Ремчето е од крокодилска кожа. Водоотпорен е до 30 метри длабочина и има прецизен швајцарски кварц механизам.

3. „Chopard Secret Watch“ – 508.000 долари.

ch3(3)

Основата на часовникот е украсена со дијаманти (19 карати). Ремчето е од сатен, а има и еден голем дијамант. Од овој часовник се произведени само 2 примероци во целиот свет.

2. „Chopard Super Ice Cube Watch“ – 1.1 милиони долари.

ch2(3)

Во него има дијаманти, исечени во форма на коцки мраз и од таму доаѓа името. Тој е поставен на гривна од бело злато и дијаманти. На часовникот има вкупно 66 карати дијаманти.

1. „Chopard 201-Carat Watch“ – 25 милиони долари.

ch1(3)

Ова е можеби најскапиот часовник во светот. Во него има бели и жолти дијаманти со вкупно 163 карати плус три големи дијаманти, 15-каратен розов, 12-каратен син и 11-каратен бел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП