29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук на суд поради монопол: Дали ќе мора да се откаже од...

Фејсбук на суд поради монопол: Дали ќе мора да се откаже од Инстаграм и WhatsApp?

Федералната комисија за трговија на САД и скоро сите сојузни држави го тужеа Фејсбук за наводни прекршувања на законите што спречуваат создавање монополи.

Главниот дел од тужбата се однесува на купување на Instagram за една милијарда долари во 2012 година и WhatsApp за 19 милијарди во 2014 година.

Федералната комисија за трговија соопшти дека ќе побара одлука со која, меѓу другото, ќе се бара Фејсбук да се откаже од аквизициите, вклучително и гореспоменатите Инстаграм и Whatsapp.

Коалицијата на сојузни американски држави исто така бара поседувањето на други социјални мрежи од страна на Фејсбук да се прогласи за нелегално.

„Скоро цела деценија, Фејсбук ги користи своите доминации и монопол на пазарот за да уништи послаби ривали и да ја задуши конкуренцијата, сето тоа на штета на редовните корисници“, изјави државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс.

Таа посочи дека компанијата користи огромни суми пари за да ги преземе ривалите, пред тие да ја загрозат доминацијата на Фејсбук.

„Скоро цела деценија, Фејсбук ја користеше својата доминантна позиција и монопол за да ги уништи помалите ривали и да ја задуши конкуренцијата, на штета на обичните корисници“, рече Летиција Џејмс, која ги предводи 46-те земји, како и округот Колумбија и Гуам во судскиот процес.

„Ниту една компанија не треба да има толку многу неконтролирана моќ над нашите приватни информации и нашите социјални интеракции. Затоа поднесуваме тужба во корист на милиони корисници и милиони сопственици на помали компании кои се погодени од однесувањето на Фејсбук“, рече Џејмс.

Компанијата соопшти дека разгледува жалби, но дека ваквиот преседан ќе има влијание врз пошироката деловна заедница и луѓето кои секојдневно ги избираат своите производи.

Фејсбук е втора голема технолошка компанија која се соочува со ваков правен предизвик откако Министерството за правда на САД го тужеше Гугл во октомври од слични причини.

По објавувањето на оваа вест, акциите на компанијата Фејсбук веќе паднаа за три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП