
Европскиот клупски шампион Баерн Минхен има играчи кои се десет пати поскапи од оние на шампионот на Јужна Америка, Атлетико Минеиро.


Европскиот клупски шампион Баерн Минхен има играчи кои се десет пати поскапи од оние на шампионот на Јужна Америка, Атлетико Минеиро.
Германскиот тим е со вкупна вредност од 334 милиони евра, додека ростерот на Бразилците вреди едвај 33.6 милиони.
Тимот на Роналдињо пред неколку дена го освои континенталниот трофеј и се очекува да биде најсериозен противник на „баварците“ во светското клубско првенство кое ќе се одигра во декември.
Другите учесници во турнирот ќе бидат Монтереј (Мексико), Окленд (Нов Зеланд) и Раџа Казабланка (Мароко).