29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ја дуплираше инфлацијата

Јапонија ја дуплираше инфлацијата

japonija12

Јапонската Централна банка (Bank of Japan), се согласи двојно да го зголеми целното ниво на инфлацијата, на два проценти, и да ја ублажи монетарната политика, исполнувајќи ги основните барања на јапонската влада.

Јапонската Централна банка строго се грижеше за својата независност, затоа постоеа стравувања дека таа би можела да не се огласи на повиците од премиерот Шинзо Абе, кој предложи банката да превземе поголеми напори за да се поттикне економскиот раст.

Банката, сепак, отиде чекор подалеку од она што го предвидуваа многумина аналитичари, и предложи од 2014 година да организира купување на имоти без ограничување.

Се очекува мерките на Централната банка да донесат милијарда јени.

Јапонија речиси две децении се бори со дефлација, со неколку кратки прекини. Падот на цената ги попречува обидите на владата за стимулирање на економскиот раст, бидејќи ја нарушува довербата на потрошувачите и компаниите и го поттикнува нивниот страв од иднината, затоа тие се помалку склони кон трошење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП