24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПентхаус на Менхетен од 45 милиони долари(ФОТО)

Пентхаус на Менхетен од 45 милиони долари(ФОТО)

Погледнете ја куќата од соништата дизајнирана од Лиза Пери …

Модната дизајнерка и нејзиниот сопруг милијардер Ричард Пери, штотуку го создадоа својот пентхаус на врв на зграда лоцирана на Менхетен. Парот купил познат стан кој го зафаќа целиот последен кат и покривот на 14-катна зграда уште во 2000 година за 10,9 милиони долари. Очигледно, зградата им се допаднала толку многу што во 2014 година, зграпчиле и трособен стан на два ката, кој се наоѓал под нив, и платиле дополнителни 7,6 милиони долари.

Она што го издвојува овој пентхаус од другите се 550 квадратни метри надворешни тераси со неверојатен поглед кон мостот Queensboro и East River. Кога додавате масивни прозорци од таванот до подот, тогаш добивате дом од соништата.

Изградена во 1927 година, оваа зграда е создадена од познатиот њујоршки архитект Росарио Кандела и се смета за една од најексклузивните адреси на Менхетен, која ја сакаат луѓето со подлабоки џебови. Некогаш, овој стан бил во сопственост на филантропот Џенет Аненберг Хукер, сестра на поранешниот амбасадор во Велика Британија, Валтер Аненберг.

Лиза Пери целосно го реновирала пентхаусот, реконфигурирајки го во две одвоени крила – едното за секојдневниот живот, другото за забава. Еден од двата приватни лифта излегува во лобито слично на галерија што води во пространа дневна соба. Има закривени бели ѕидови и врати кои ве пуштаат на огромна тераса со поглед кон реката.

Второто крило е во основа еден простран главен апартман со главна спална соба која има обемни прозорци со поглед на мостот Queensboro. Со него се поврзани просторни двокреветни соблекувални и бањи. Овие две крила се поврзани со остра бела, индустриска кујна со површини од не’рѓосувачки челик, двојни острови и ормани од не’рѓосувачки челик. Има вкупно четири спални соби, мал апартман за персонал кој лесно може да стане петта спална соба и вкупно шест бањи со една полу-бања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП