Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе подели 29.000 откази до крајот на годината. Надвор од Германија се очекува да бидат отпуштени 20.000 работници, а компанијата ја продава својата угостителска единица “ЛСГ”, која има 7,5 илјади вработени. На тој начин, бројот на вработени во Луфтханза ширум светот ќе се спушти на 109 илјади.
Дополнителни десет илјади работни места ќе бидат укинати во Германија следната година. Компанијата веќе потроши три од девет милијарди евра државна помош која ја доби на почетокот на оваа година.

