26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се може ајдучката трева?

Што се може ајдучката трева?

Ајдучката трева е една од највредните лековити билки. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа.

Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло.

Етеричното масло се користи за подготовка на крема за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата. Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамин К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум.

Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките.

ajducka-treva

Во народната медицина ајдучката трева зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени, и отстранување на непријатните симптоми во климаксот. Една шоља чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на припаднички на понежниот пол.

Успешна е и во лекување на воспалението на јајниците, болести на матката и појавата на тумори.

Ајдучката трева е ефикасна и во третманите за лекување на мигрена, несвестица, ги елиминира нагоните за повраќање, помага при солзење и голема секреција на очите, крварење од носот и др.

Таа е одлична за прочистување на телото, регулирање на хормоните и стабилизација на метаболизмот, како и за чистење на црниот дроб, при состојби на труења, вирусен хепатит и други болести кои го напаѓаат црниот дроб. Делува моќно и е одлична за смирување на нервниот систем во состојба на психичко растројство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП