Француската ривиера е едно од најпознатите и најелитни места за забава во светот. Тука доаѓаат на одмор милијардери и холивудски ѕвезди.
Погледнете неколку интересни факти за неа:
14 милиони туристи ја посетуваат Француската ривиера секоја година и трошат речиси 5 милијарди долари.

Фестивалот во Кан е најстариот и најпрестижниот филмски фестивал во светот.

Тука има 300 сончеви денови (од вкупно 365). Ова ја прави ривиерата идеално место за одмор во текот на целата година.

Областа стана популарна по свадбата на Грејс Кели и принцот Рение Трети. Оттогаш нивните богати и познати пријатели почнуваат да доаѓаат тука на одмор.

Помеѓу 14 и 19 часот рестораните тука не служат храна.

Еден од најпопуларните летувалишта е Сен Тропе, кое некогаш беше рибарско село.

Во април во Антиб се одржува едно од најпрестижните саеми на јахти во светот.

Автомобилската писта Гран При Монако е едно од најпосетените места. Таа е изградена во 1929-та година.

На Француската ривиера се наоѓа и најскапата куќа во светот – Вила Леополд. Таа има 11 спални и 14 бањи. Чини 1.2 милијарди долари.

Во Монте Карло се наоѓаат најдобрите казина во светот. Градот го засенува дури и Лас Вегас.

Џони Деп си купи мало село тука.
