27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска го запира производството на бензин до 2050-та година

Данска го запира производството на бензин до 2050-та година

Данскиот парламент со големо мнозинство одлучи дека нема да се развиваат нови нафтени полиња во данскиот дел на Северното Море. Покрај тоа, производството на бензин треба да се прекине до 2050-та година.

„Ова е во согласност со нашата одлука да станеме економија без ископување на фосилни горива до 2050-та година“, рече министерот за животна средина Дан Јоргенсен.

За Данска, на дневен ред е одлуката за прекинување на истражувањата во Северното Море, што ја направи приоритет заштитата на климата. Земјата има за цел да ги намали емисиите на јаглерод за 70% до 2030-та година, во споредба со нивото од 1990-та година.

Јоргенсен ја наведува и желбата на Европа да биде неутрална кон климата до 2050-та година, „што значи дека мора да бидат подготвени да се потпрат на фосилните горива“.

„Мојот јасен впечаток е дека овој тренд ќе се забрза“, рече тој.

Постапката за лиценцирање, што би овозможила производство на бензин до 2055-та година, е прекината. Претходно, француската нафтена компанија „Total“ се повлече од тендерот.

Данска е најголем производител на нафта во ЕУ и е на 40-то место на меѓународно ниво. Од 1972-ра година земјата генерираше над 541 милијарди дански круни или 72 милијарди евра добивка од нафтата од Северното Море.

За компаниите за нафта и гас кои во моментов работат во данските води, условите ќе останат непроменети се додека не престане производството во 2050-та година. Одлуката ќе ја чини Данска околу 13 милијарди круни (2,1 милијарди долари), според предвидувањата на Министерството за енергија, цитирани од „Bloomberg“.

Еколошките невладини групи ја поздравија одлуката, но во исто време го критикуваа фактот дека крајниот рок до 2050-та година е премногу далеку. Министерот за животна средина Јоргенсен го оправда долгиот период: „Ако се подготвиме во 2030-та година или 2040-та година, ќе мора да им исплатиме компензација на компаниите што инвестирале во фабрики и опрема“.

Сепак, одлуката на Данска беше поздравена од еколозите. „Вака изгледа лидерство во областа на климата“, рече Мел Еванс, виш климатски аналитичар во „Greenpeace“ во Велика Британија.

„Со цел да се опоравиме од оваа пандемија и да ја зајакнеме нашата економија во иднина, треба да го трансформираме Северното Море во енергетска индустрија што е наменета само за обновливи извори, што создава работни места за работниците, ја снабдува Велика Британија со чиста, достапна енергија“, вели Еванс.

Историјата на Данска во Северното Море датира од околу шест децении. Во тоа време владата и даде на „A.P. Moller-Maersk A / S“ ексклузивни права за истражување и дупчење, што потоа компанијата ги сподели со неколку нафтени компании, вклучувајќи ги и „Royal Dutch Shell Plc“ и „Chevron Corp“. Во 2017-та „Maersk“ се согласи да го продаде својот бизнис со нафта и гас на „Total SE“, а данската компанија, најголемиот светски превозник, сега се фокусира на транспортот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП