26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСилен блесок на метеор го осветли небото над Јапонија (ВИДЕО)

Силен блесок на метеор го осветли небото над Јапонија (ВИДЕО)

Силен блесок на метеор што паѓа го осветли небото над западна Јапонија, а таа сцена ја снимија телевизиските камери и корисниците на социјалните мрежи.

Метеорот силно согорувал додека во неделата брзо минувал низ атмосферата на Земјата, пренесува АП.

Многу луѓе во западна Јапонија на социјалните мрежи објавија дека биле сведоци на оваа ретка глетка.

Телевизијата НХК соопшти дека нејзините камери во неколку префектури снимиле огнена топка на небото.

Од снимките од камерите во пристаништето Нагоја се гледа дека метеорот сјае како полна месечина додека се приближува кон Земјата, пишува весникот „Асахи“.

Некои експерти велат дека е можно мали делови од метеорот да паднале на тлото.

https://www.youtube.com/watch?v=SN8MxoCAtmA&feature=emb_title

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП