20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБоксерски спектакл во Лос Анџелес: Тајсон покажа дека не заборавил да удира

Боксерски спектакл во Лос Анџелес: Тајсон покажа дека не заборавил да удира

Ревијалната борба помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор во Лос Анџелес заврши нерешено.

Имаше доста клинич ситуации, така што судиите конечно одлучија дека нема победник – 76:76, 76:80, 79:73.

Двајцата боксуваа во „Стејплс центарот“ во осум двеминутни рунди.

Во петтата рунда, Џонс имаше најдобра можност да го разниша Тајсон, упати четири врзани удари, но „Железниот Мајк“ не се предаде.

На крајот, Тајсон се обиде да се приближи и да го нокаутира ривалот, но за жал, не успеа во тоа.

Иако беше ревијален натпревар, ништо на тоа не кажуваше, бидејќи и Тајсон и Џонс се однесуваа како професионалци и така го разбраа овој дуел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП