6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајелитните марки на часовници во светот

Најелитните марки на часовници во светот

Најелитните часовници имаат софистицирани карактеристики и барем неколку дијаманти. Едни од популарните брендови во светот се „Rolex“, „Tag Heuer“, „Omega“ и други. Но тие сепак не се најелитните меѓу љубителите на ултраскапите часовници. Видете ги топ 10 на најелитните марки на часовници во ограничени верзии:

10. „Audemars Piguet“

casovnik 10

Компанијата е основана во 1875-та година од Жил Луи Одемар и Едвард Огуст Пиге. Овој бренд е рекламиран од Лионел Меси, Леброн Џејмс, Михаел Шумахер и Новак Ѓоковиќ.

9. „Panerai“

Тоа е италијанска компанија основана во 1860-та година. Повеќето модели се во ограничена бројка и на грбот имаат оригинален број.

8. „Vacheron Constantin“

casovnik 8

Жан Марк Вашерон ја основал компанијата во 1755-та година што ја прави една од најстарите во индустријата. Франсоа Константин се приклучил во бизнисот во 1819-та година. Часовниците се произведуваат во Женева. Такви часовници носеле Наполеон Бонапарта, Папата Пие 11-ти, Хари Труман и други.

7. „Louis Moinet“

Луис Моине е мајстор часовничар од Франција. Правел часовници за Наполеон Бонапарта, Томас Џеферсон, рускиот цар Александар Прв и други.

6. „Blancpain“

casovnik 6

Компанијата прави часовници од 1735-та година. Компанијата се гордее со своите модели во ограничена бројка, а секој од нив се изработува од еден часовничар. Од компанијата се заколнале дека никогаш нема да го прават часовници со кварцен механизам. Денес фирмата е дел од „Swatch group“.

5. „Jaeger LeCoultre“

Компанијата е основана во Швајцарија од Антоан ЛеКултр во 1833-та година. Тој измислил механизам, благодарение на кој немало потреба часовникот да се завитка со клучеви.

4. „Breguet“

casovnik 4

Абрахам Луи Бреге ја основал компанијата во Париз во 1775-та година. Тој го создава и првиот рачен часовник во 1810-та година. Денес, компанијата е во сопственост на „Swatch group“.

3. „Piaget“

Основана е во 1874-та година од Жорж Едвард Пиаже. Тогаш имала седиште во мало швајцарско село. Денес таа е сопственост на швајцарската „Richemont group“.

2. „Chopard“

casovnik 2

Во 1860-та година Луј Шопар ја основал компанијата во Женева. Компанијата се гордее со пронаоѓањето на прецизни џебни часовници и со креативни хронометри.

1. „Patek Philippe“

Основана е во 1851-та година, иако Антони Патек започнува да прави часовници уште во 1839-та година. Компанијата прва воведува функции како вечен календар, хронограф на рачни часовници и повторувач на минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП