15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВелика Британија ќе казнува за користење компоненти на „Huawei“

Велика Британија ќе казнува за користење компоненти на „Huawei“

По исклучувањето на кинескиот провајдер „Huawei“ од проширувањето на мрежата 5G, британската влада има намера да ги казни прекршителите на забраната со парични казни.

„Новиот предлог-закон е еден од најстрогите закони за телекомуникациска безбедност во светот и му овозможува на Обединетото Кралство да ги преземе неопходните мерки за заштита на нашите мрежи“, рече министерот за дигитални работи Оливер Доуден, цитиран од „Reuters“.

Според нацрт-законот, добавувачите можат да очекуваат казна до десет проценти од нивната годишна продажба или еквивалентно на околу 113.000 евра на ден, доколку користат компоненти на „Huawei“ за проширување на нивната мрежа. Владата во Лондон соопшти дека построгите безбедносни стандарди ќе помогнат и во заштитата на Велика Британија од можни кибернетички напади.

Компанијата „Huawei“ покажа разочарување од одлуката на владата во Лондон.

„Оваа одлука е политички мотивирана и не се заснова на правична проценка на ризиците“, рече потпретседателот Виктор Jанг. „Забраната ја турка Велика Британија по „бавната лента“ на патот кон дигитализацијата“, објасни тој.

Велика Британија беше првата земја во Европа што ја забрани технологијата на „Huawei“ во својата 5G мрежа од 2027-ма година. САД го оценуваат „Huawei“ како безбедносен ризик. Тие се сомневаат дека податоците за клиентите се користат за шпионажа. Приватната кинеска компанија повеќепати ги негираше обвинувањата.

Неодамна, Шведска исто така забрани употреба на технологија „Huawei“ во нејзината земја и ја исклучи компанијата од создавање на својата 5G мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП