19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеверојатно: Откриени скоро совршено сочувани остатоци од двајца мажи загинати во Помпеја...

Неверојатно: Откриени скоро совршено сочувани остатоци од двајца мажи загинати во Помпеја (ФОТО+ВИДЕО)

Археолозите откриле скоро совршено зачувани остатоци од двајца мажи кои загинале во вулканската ерупција која го уништи античкиот римски град Помпеја, пред околу 2.000 години.

Еден од нив најверојатно бил човек од повисок сталеж, додека другиот бил негов роб, објави „Гардијан“.

Господарот имал помеѓу 30 и 40 години и бил пронајден со траги од волнена наметка под вратот. Неговиот роб имал помеѓу 18 и 23 години, носел туника и имал неколку згмечени пршлени, што укажува на тоа дека работел напорна работа.

Директорот на археолошкиот локалитет на Помпеја, Масимо Осана, изјави дека жртвите најверојатно барале место за засолниште кога биле погодени од облак од пепел и гасови веднаш по ерупцијата на вулканот Везув, во 79 година од н.е.

Остатоците се пронајдени недалеку од центарот на античка Помпеја, во подземна комора во областа голема вила што се истражува.

Министерот за култура Дарио Франчески ова го нарече исклучително откритие што потврдува дека Помпеја е неверојатно место за истражување и проучување.

Во античкиот римски град Помпеја, околу 20 километри југоисточно од Неапол, живееле околу 13 000 луѓе кога ерупцијата ги покрила со пепел и прашина, „замрзнувајки“ ги во времето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП