За венчаница жените се подготвени да потрошат богатство. Свадбената церемонија е долго очекуваниот ден во кој невестата е во центарот на внимание, а фотографиите ќе се чуваат вечно во семејниот албум. Видете кои се 10-те елитни марки за венчаници:
10. Pronovias
Просечната цена на фустан е околу 3 000 долари, што е сосема прифатливо.
9. Monique Lhuillier
Моделите личат како фустани за принцеза. Цените почнуваат од 2.500 долари, но може да стигнат до повеќе од 10.000 долари. Хајди Монтаг се омажи во фустан од оваа марка, кој чинеше 7.500 долари.
8. Marchesa
Многу познати личности го избираат овој бренд за свадбениот ден. На сликата е Никол Ричи која смени 9 тоалети за свадбата, а три од нив беа на „Marchesa“.
7. Pnina Tornai
Израелската марка е основана уште во 1962-та година. Користат многу бисери и пердуви. Брендот честопати е многу фалсификуван.
6. Jenny Packham
Марката е омилена на ѕвездите. Лиз Харли нарача фустан од овој бренд за свадбата со Арун Најар. Основач и главен дизајнер е Британката, Џени Пакам. Други познати клиенти се Анџелина Џоли, Дита фон Тиз, Мајлу Сајрус, Кејт Мидлтон и други.
5. Abu Jani and Sandeep Khosla
Двајцата Индијци прават фустани за свадба со индиски мотиви. Тие се дизајнери на фустанот со кој се омажи ќерката на Лакшми Митал. Изберете ги нив, ако сакате сјај во стил Боливуд!
4. Temperley London
Елеганс, но без раскош е стилот на овој бренд. Основан е во 2000-та година во Лондон. Меѓу нејзините клиенти се Кејт и Пипа Мидлтон, Хали Бери, Џенифер Лопез и многу други ѕвезди.
3. Lela Rose
Обложување на класичен дизајн, со голи рамена. Основана е од американската дизајнерка Лела Роуз. Меѓу нејзините клиенти се Миша Бартон, Џесика Симпсон, сестрите Олсен и др.
2. Donna Karan
Марката е основана од Дона Каран во 1989-та година во Њујорк. Освен облека прави очила, часовници, кожни додатоци. Венчаниците на „Donna Karan“ се под број 2 во светот.
1. Alberta Ferretti
Основана е во Милано од италијанската дизајнерка со истото име. Во венчаница се обложува на сатен, а понекогаш и со дијаманти.