19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ ќе плати 113 милиони долари за успорување на постарите модели на...

„Apple“ ќе плати 113 милиони долари за успорување на постарите модели на „iPhone“

„Apple“ се согласи да плати милиони долари во 34 држави поради контроверзната практика на успорување на старите „iphone-и“ со намера да им го продолжи векот на траење на батериите.

Американскиот гигант ќе плати 113 милиони долари за државите кои иницираа истраги против компанијата. Овој проблем на забавување на уредите ги налути корисниците на “Apple“.

Наместо да го открие проблемот или да ги замени батериите на своите корисници, во декември 2016 година, „Apple“ лансираше софтверско ажурирање што влијаеше на перформансите на постарите модели на „iPhone“. Многумина веруваа дека „Apple“ се обидува да ги охрабри корисниците да купуваат нови „iPhone“ телефони на овој начин.

„Големите технолошки компании треба да престанат да манипулираат со своите потрошувачи, тие треба да им ја кажат целата вистина за нивните политики и производи“, рече јавниот обвинител на Аризона, Марк Брнович.

Во тоа време, откако корисниците на постари „iPhone“ телефони откриле проблем со уредите, компанијата јавно се извини за своите постапки и ја намали цената на батериите од 79 на 29 долари.

„Знаеме дека некои од вас сметаат дека “Apple” ве изневери. Се извинуваме. Прво и најважно, никогаш не би направиле такво нешто за намерно да го скратиме животот на кој било производ на ‘Apple’ и да го влошиме корисничкото искуство”, соопшти компанијата во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП