24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен прототипот на „ролетна“ телефонот (ВИДЕО)

Претставен прототипот на „ролетна“ телефонот (ВИДЕО)

„Oppo“ ја изненади конкуренцијата, пред се корејската „LG“, со револуционерен концепт за мобилен телефон – „Oppo X 2021“.

Медиумите вчера пишуваа за „ролетна“ телефонот, кој треба да се појави на пазарот следната година, според најавите на „LG Electronics“, но Кинезите предизвикаа светска конфузија со оперативниот прототип, претставен на годишниот настан „Inno“.

Уредот има посебен механизам, кој ја зголемува и намалува дијагоналата на „OLED“-дисплејот. Со мало движење на раката, можете да го зголемите екранот од 6,7 на 7,4 инчи! Овој дизајн носи неколку нови карактеристики, како за програмерите, така и за корисниците.

Како што е соопштено, „Oppo“ регистрирал вкупно 122 патенти за новиот модел на телефон, а 12 се однесуваат на механизмот за прикажување. За жал, не се соопштени други детали, како и времето кога уредот ќе се појави на пазарот.

На следното видео, ќе видите други детали за уникатниот кинески уред, кој вчера дебитираше во Шенжен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП