19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВила која ќе ви го разубави денот (ФОТО)

Вила која ќе ви го разубави денот (ФОТО)

Спектакуларниот имот кој се наоѓа на Флорида, го носи името “Islamorada Estate”…

Овој имот спаѓа во најневеројатните и најексклузивните имоти кои моментално се наоѓаат во тој дел на Америка, кој со својата сликовитост нуди запрепастувачка убавина, приватност, луксуз и прекрасен поглед. Секако, се што може да се окарактеризира како убава страна на животот доаѓа со висока цена, но, вашата среќа нема цена. Или, ако овој имот би ве направил среќни, тој чини точно 13.5 милиони долари.

Имотот има 1.240 метри квадартни простор, односно 13 спални соби и 11 бањи, вклучувајќи ја главната вила и две вили за гости. На имотот може да се забележи шарматниот стил на островска архитектура, додека посебно го красат интимниот двор, многуте балкони и пространите тераси. Исто така, тука е и спа базенот со ложа и со поглед на заливот.

Имотот содржи уште една погодност која е вредна за внимание, а тоа е приватната марина каде е строго препорачано да се паркира јахта. Доколку во некој случај овде ви стане досадно, што е малку веројатно, беспрекорната градина и осветлениот тениски терен ќе ви пружат изобилие од забава.

Долгата листа на погодности кои ги нуди овој имот оди до недоглед, па ќе ги напоменеме уште само гражата за четири автомобили, теренот за одбојка, куќичката покрај пристаништето и канцелариите за персоналот.

%d1%83%d0%bb3
%d1%83%d0%bb4
%d1%83%d0%bb5
%d1%83%d0%bb6
%d1%83%d0%bb7
%d1%83%d0%bb8
%d1%83%d0%bb9
%d1%83%d0%bb10
%d1%83%d0%bb11
%d1%83%d0%bb12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП