28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпаниска понуда којашто не се пропушта!

Компаниска понуда којашто не се пропушта!

Гевино веќе 3 години претставува вистинско освежување на македонскиот вински пазар. Најпрво почнувајќи само во Скопје, за денес овој бренд да е застапен на целата територија на нашата држава во над 600 малопродажни објекти. Гевино вината ги карактериизра одличен квалитет, како и креативност и уникатноста на нивните дизајни кои полека но сигурно стануваат нивен заштитен знак. За квалитет на Гевино говори и тоа дека во 2019 година, по само две години од нивното постоење, во месец август, на страната на gs1katalog.mk страна со над 5.000 македонски производи акредитирани со баркод, најпребаруван македонскиот производ на македонскиот пазар беше едно од нивните вина, поточно белото вино “Гевино Кале”.

Традиционално, секоја година со почетокот на празниците почнуваат и “маките”за тоа што, кога и како да се подари на вашите бизнис соработници, или пак за тоа што би го издвојувало вашиот бизнис и би го направило уникатен и различен од останатите.

Од тимот на Гевино, оваа година се потрудија да имате барем една грижа помалку. Со одлична понуда од избор на врвни, сортни македонски вина, до избор на сопствен дизајн на етикета, креирана по ваш вкус, и сето тоа достапно по одлични цени и експресен рок на испорака, Гевино и оваа година ветува дека нивните вина ќе останат неизоставен дел од секоја една празнична трпеза како и од секој еден убав момент.

*Повеќе информации за актуелната понуда можете да дознаете на:                                             

facebok.com/gevino.wine
instagram.com/gevino.wine
[email protected]

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП