29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски најави игра за победа против Ерменија

Ангеловски најави игра за победа против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација вечер од 18 часот и гостува на Ерменија во последното коло од втората група Ц-дивизија во Лигата на Нации.

Дуелот ќе се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија.

Селекторот Игор Ангеловски најави игра без калкулации, иако на неговите избраници им одговара и нерешено за освојување на првото место и пласман во Б-дивизијата.

– Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми мана, ќе играме на победа, имаме одлични избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи, секој позитивен резултат ќе нè однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме, изјави Ангеловски. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП