Црниот дроб е орган кој има многу важна метаболичка улога. Тој обавува повеќе функции, меѓу кои се и најзначаните како детоксикација, одложување на гликогенот и производство на протеини во крвта. Црниот дроб произведува и течност која е многу важна во процесот на варење.
Црниот дроб, значи, го чисти телото од токсини и штетни материи. Поради неговото големо значење за организмот и за здравјето, многу е важно да знаете да препознаете оштетен црн дроб.
Ова е листата со 11 можни симптоми на заболен црн дроб:
1. Често имате проблеми со стомакот, повраќање, мачнини.
2. Губите апетит. Важиот црн дроб го намалил производството на киселина, па се чувствате како повеќе да не сте гладни.
3. Замор и слабост поради зголемена количина на токсини во организмот кои црниот дроб не ги преработил, поради што тие преминале во крвта.
4. Запек и слабо варење, поради недостаток на киселината која би ја растворила храната.
5. Бојата на изметот ви е променета. Доколку е жолта, сива или со боја на глина, тоа би можело да претставува проблем.
6. Промена на бојата на урината, иако пиете доволно вода. Можно е билирубинот во крвта да е зголемен.
7. Резултат на зголемен билирубин во крвта би можела да биде жолтица, бидејќи црниот дроб не го процесуирал добро.
8. Задржувате вода, ви отекуваат стапалата и зглобовите.
9. Надуеноста може да биде резултат на собирање на течности поради оштетен црн дроб.
10. Иритацијата на кожата исто така може да биде предизвикана од неправилната работа на црниот дроб.
11. Често грчење и болки во стомакот.