27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно спасена: Одобрен кредитот за Грција

Конечно спасена: Одобрен кредитот за Грција

По 13 часа преговори во Брисел, претставниците на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд постигнаа согласност за новиот кредит за Грција.

На Грција ќе и биде одобрен кредит од 43,7 милијарди евра, а ќе биде отпишан голем дел од долгот на земјата во наредните децении.

„Грција мора да исполни серија договорени услови, но оваа одлука сигурно ќе ја намали неизвесноста и ќе ја зајакне довербата во Европа и Грција“, изјави претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

Грчкиот премиер Антонис Самарас, го поздрави договорот, додека германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека договорениот пакет ќе им биде презентиран на германските делегати до крајот на неделата. И парламентите на другите земји-членки ќе мора да го одобрат договорот.

„Се се одвиваше добро. Сите Грци се бореа за оваа одлука и затоа утре е нов ден за сите Грци“, изјави Самарас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП