7 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРедок розов дијамант продаден 26,6 милиони долари (ВИДЕО)

Редок розов дијамант продаден 26,6 милиони долари (ВИДЕО)

Исклучително редок виолетово-розов дијамант е продаден на аукција на „Сотби“ во Швајцарија за 26,6 милиони долари.

Дијамантот од 14,8 карати, наречен „Духот на розата“, е најголемиот од ваков вид што досега се појавил на аукции бидејќи 99 проценти од сите розови дијаманти имаат помалку од 10 карати, пренесува Би-би-си.

Благодарение на неговата големина, ретка боја и беспрекорно чиста структура, дијамантот достигна висока цена на аукцијата на аукциската куќа „Сотби“ во Женева.

Името на купувачот не е познато. Дијамантот е ископан во Русија во рудникот „Алроса“ во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП