26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Намирници кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Ако сте дијабетичар или едноставно сакатe да се храните поздравo, прочитајте кои намирници ќе ви помогнат…

Цимет

Според истражувањата, само половина лажичка цимет на ден може да придонесе за намалувањето на нивото на шеќер во крвта за лицата со дијабетес тип 2. Одредени состојки во циметот го активираат отпуштањето на инсулин, така што му помагаат на организмот да ја претвори гликозата во енергија. Овој зачин можете да го ставите на свежото овошје, на житарките со млеко или со него да го подготвите утринското кафе.

Лук

Лукот значително го намалува нивото на шеќер во крвта, а притоа содржи флавоноиди кои со своите антиоксидативни својства го регулираат производствто на глутатион, силен антиоксидант во клетките кој помага во спречувањето на канцерогени промени. Лукот можете да го додадете во речиси секое јадење, па така тој е одличен избор за салатите, супите, јадењето од месо.

Куркума

Иако не се спроведени детални истражувања, се верува дека овој индиски зачин има позитивно влијание на контролата на шеќерот во крвта.

Цреши

Ова овошје е полно со антроцијанин, а едно истражување, спроведено минатата година, покажа дека кај жените во чија редовна исхрана се вклучени црешите е намалена инсулинската резистенција.

Оцет

Резултатите од истражувањето објавени во магазинот „Diabetes Care“ покажаа дека консумирањето на мешавина од јаболков оцет и вода пред секој оброк има благотворно дејство на организмот. Меѓу другото, ја зголемува осетливоста на инсулин и го намалува наглиот раст на шеќерот во крвта по консумирањето на храна богата со скроб кај оние кои имаат пред-дијабетес и кај лицата со дијабетес тип 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП