26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали фосилните горива исчезнуваат од енергетската мапа на ЕУ?

Дали фосилните горива исчезнуваат од енергетската мапа на ЕУ?

Во текот на последната деценија фосилните горива стабилно го намалуваа својот удел во производството на примарна енергија, се вели во анализата на „Евростат“ врз основа на најновите официјални податоци. Досега, јагленот не е најсериозната жртва во овој поглед.

Изненадувачки, природниот гас, кој се смета за почиста алтернатива, го намалува своето присуство во енергетскиот микс на ЕУ. Во периодот 2008 – 2018 година, неговото учество во производството на примарна енергија во вкупната мешавина се намали за 46,4%, а нафтата за 35,3%. Уделот на јаглен во моментов се намалува за 27,9 проценти. Во последната деценија, обновливите извори го зазедоа местото на традиционалните извори на енергија со раст од 49,2%.

Во 2018-та година, ЕУ произведе примарна енергија во вкупен волумен од 635 милиони тони еквивалент на нафта, што претставува пад од 9,2% во споредба со 2008-ма година. Најголеми производители се Франција (21,7% од вкупното производство на електрична енергија), потоа Германија (17,8%), Полска (9,7%) и Италија (5,9%).

Сепак, намалувањето на употребата на фосилни горива во енергијата не влијае на увозот на енергетски производи. На пример, од 1990-та до 2018-та година, увозот на природен гас е двојно зголемен, а во однос на другите горива немаше значителни промени со текот на годините.

Така, зависноста на ЕУ од увоз на енергија не се намалува, како што сакаат европските институции. Но, податоците се јасни – во 2008-ма година заедницата увезе 58,4% од потребната енергија, а десет години подоцна учеството е малку пониско – 58,2%.

Русија е главен ивозник на извори на енергија во ЕУ. Во 2018-та година од таму доаѓаат 42,2% од јагленот што се користи во ЕУ, 29,8% нафта и 40,4% природен гас. Податоците покажуваат мало зголемување на уделот на увоз на јаглен и нафта од други извори, вклучително и САД и Колумбија за јаглен и Ирак за нафта.

За природниот гас, сепак, Москва останува главен продавач, а статистичките податоци покажуваат мало зголемување само на уделот на Катар и појавата на САД на списокот на добавувачи. Тоа е увоз на течен природен гас во заедницата.

Цените на електричната енергија за домаќинствата во ЕУ варираат многу, се вели во публикација на „Евростат“. Во втората половина на 2019-та година, највисоки се во Данска (0,29 евра за киловат час), Германија (0,28 евра) и Белгија (0,28 евра). На спротивна страна се Бугарија (0,09 евра) и Унгарија (0,10 евра). Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во ЕУ е 0,21 евра за киловат час.

На цената влијаат дополнителни даноци и такси, меѓу кои најголема вредност е данокот на додадена вредност (со учество во просек од 15,6%). Во Данска, дополнителните даноци додаваат над 64% на цената на електричната енергија и тоа е причината за трипати поскапа електрична енергија во споредба со Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП