2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапите населби во САД

Најскапите населби во САД

Каде е престижно да живееш во САД? Недвижностите во овие 10 соседствa се исклучително скапи и обичните луѓе не можат да си дозволат да живеат таму. Видете ги топ 10 најлуксузните населби во САД:

10. Бел-Ер, Калифорнија

bel

Тоа е мал кварт во Вестсајд, Лос Анџелес. Тука живеат многу филмски ѕвезди и медиумски магнати. Куќите се големи, луксузни и добро заштитени со огради и чувари. Обично имаат големи „парчиња“ земја кон нив, на која имаат лозја, градини и други благодети. Една куќа овде чини околу 30 милиони долари.

9. Гринвич, Конектикат

Најскапиот дом тука е 20 милиони долари, но најевтиниот е околу 1 милион долари.

8. Санта Барбара, Калифорнија

Овде богатите пијат коктели по цел ден и си играат со скапи јахти. Просечната цена на куќа е 3 милиони долари.

7. Ранчот Санта Фе, Калифорнија

ranco

Се наоѓа во реонот на Сан Диего. Тука живеат многу од најбогатите фамилии од листата на Форбс. Просечната цена за куќа е 2 милиони долари. Обично домовите се изградени на врвот на некој рид и нудат уникатна глетка. Тука живеат Џенет Џексон, Џина Дејвис и др.

6. Беверли Хилс, Калифорнија

Просечната цена на дом е 3.6 милиони долари. Областа е сосема блиску до сјајните бутици на „Родео драјв“.  Го има еден од најпознатите поштенски кодови во светот – 90210.

5. Атхертон, Калифорнија

atherton

Чудно е за област која не е блиску до Њујорк или Лос Анџелес да биде толку скапа, но да не заборавиме дека Атхертон се наоѓа во Силиконската долина, каде се концентрирани т.н. нови бизнисмени. Тука имаат куќи Ерик Шмит (CEO на Google), Мег Витман (поранешен шеф на eBay), Чарлс Шваб и др. Просечната цена на куќа е 4 милиони долари.

4. Woody Creek, Колорадо

Причината  поради која е толку посакувано место е дека е блиску до одморалиштето Аспен. Тука куќи имаат многу музичари и уметници. Во 2012-та година забележаа раст на цените на недвижностите од 25 проценти.

3. Њујорк

ny(12)

Најскапо е во Менхетн, следен од Гринвич Вилиџ и Трибека. Просечната цена на еднособен стан тука е 1 милион долари!

2. Рос, Калифорнија

Областа е исклучено мала – 4 квадратни километри. Тука нема место за нови градби и тоа е добро за цените на имотот.

1. Алпејн, Њу Џерси

alpine(1)

Се наоѓа на 15 километри од централниот дел на Менхетен. Просечната цена на имотот е 3.8 милиони долари. Тоа е мал град, кој нема пожарна и е управуван од совет од 7 души. Тука се домовите на Пи Диди, Бритни Спирс, Џеј Зи и др. Еди Марфи и Крис Рок живеат тука од 80-тите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП