25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои земји имаат корист од високите цени на златото?

Кои земји имаат корист од високите цени на златото?

Централните банки станаа нето продавачи на злато за прв пат од 2010-та година, откако некои големи производители ги искористија рекордно високите цени во последните месеци.

Нето-продажбата во третиот квартал од 2020-та година изнесува 12,1 тон, во споредба со купувањето на 141,9 тони во претходната година.

Продажбата доаѓа во услови на опаѓање на обемот во Узбекистан и Турција, пренесува „Bloomberg“. Од своја страна, Русија ја пријавува својата прва продажба на злато во последните 13 години, според податоците на Светскиот совет за злато.

Продажбата од Централните банки на Турција и Узбекистан во третиот квартал од годинава изнесува 22,3 и 34,9 тони.

Цената на златото во август се искачи на нивоа од над 2.075 долари за унца, а потоа падна на околу 1.900 долари.

Побарувачката за злато во овој период се намали за 19% на годишно ниво и го достигна најниското ниво од 2009-та година, главната причина за тоа е послабата побарувачка за накит. Падот се должи главно на купувањето на накит во Кина, како и во Индија, каде побарувачката е преполовена.

Остриот пад на побарувачката за накит беше делумно неутрализиран од зголемената побарувачка за инвестиции во златни монети и прачки. Растот во третиот квартал од 2020-та година изнесува 21%.

Набавката на благородниот метал, исто така, забележа пад од 3%, според gold.org.

Кои земји купуваат, а кои продаваат од почетокот на 2020-та година?

Извештајот покажува дека Турција, Индија и Русија се најголемите купувачи од почетокот на годината. Сепак, набавките на Русија се многукратно пониски отколку во претходните години, бидејќи досега централната банка на земјата има купено само 27,5 тони, во споредба со 158,1 тон во 2019-та година и 274,3 тони во 2018-та година.

Од 2010-та година, Русија ги зголеми своите резерви на злато за скоро 1.650 тони.

Големи набавки од почетокот на 2020-та година се пријавени и од Обединетите Арапски Емирати (16 тони), Катар (9,3 тони) и Аргентина (6,8 тони).

Најголема продажба остварија Узбекистан (28,6 тони), Шри Ланка (12,9 тони), Таџикистан (11,3 тони), Колумбија (9,7 тони), Филипини (7,8 тони), Монголија (7,6 тони) и Германија (4 тони).

Резервите на злато во Казахстан (-2,1 тони) исто така се намалуваат откако земјата објави некои од најголемите набавки во светот во последниве години. Во периодот од 2011-та до 2019-та година, централната банка на поранешната советска република купи 318 тони злато.

Денес најголеми „чувари“ на злато во светот се САД (8.133 тони), Германија (3.362 тони), Италија (2.451 тони), Франција (2.436 тони), Русија (2.298 тони), Кина (1.948 тони), Швајцарија (1.040 тони), Јапонија (765 тони), Индија (668 тони), Холандија (612 тони), Турција (561 тони) и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП